Достапни линкови

Грчката држава зема кредит од 2 милијарди евра


Грчкото Министерство за финансии реши да земе вонреден кредит од две милијарди евра, објавија денеска атинските медиуми. Кредитот ќе го исплати конзорциум составен од „Националната банка на Грција“, „Алфа Банката“, „Еуробанк“, „Пиреос Банката“ и италијанската финансиска групација ИМИ. Најавата за подигнувањето на кредитот доаѓа во време кога Грција се соочува со најголема задолженост во својата историја од над 80 милијарди евра и со огромен буџетски дефицит.
XS
SM
MD
LG