Достапни линкови

Сад очекуваат оперативен договор за климатските промени


Американскиот Претседател Барак Обама очекува на самитот во Копенхаген да биде постигнат оперативен договор кој има смисла за борба против климатските промени, изјави портпаролот Роберт Гибс. Белата Куќа соопшти дека не очекува Претседателот Барак Обама да потпише договор за нуклеарно разоружување со рускиот претседател Дмитриј Медведев неделава во Копенхаген. Портпаролот Роберт Гибс изјави дека во разговорите за стратегиското разоружување има напредок и изрази надеж дека наскоро договорот ке биде потпишан.
XS
SM
MD
LG