Достапни линкови

Копенхаген- како да се избегне фијаско на Самитот?


Светот в петок треба и мора да има нов глобален климатски договор, изјави синоќа на Самитот за климатски промени во Копенхаген претседавачот на овој собир Кони Хедегард, која неодамна беше назначена и за Еврокомесар за клима. На свеченото отворање на делот од Самитот на највисоко ниво, таа истакна дека е можна и грешка, а за да не дојде до тоа, брзината на преговорите треба да се зголеми. Не можеме да ризикуваме фијаско, никој не може да понесе таква одговорност, рече Хедегард. Инаку, во наредните денови во работата на Самитот треба да бидат вклучени и претседатели и премиери на 115 земји.<br />
XS
SM
MD
LG