Достапни линкови

Концерт по повод 60 години „Танец“


Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, по повод 60 години од своето постоење, вечер во Македонската опера и балет ќе одржи јубилеен концерт. Ансамблот „Танец“ е формиран со Уредба на Владата на Народна Република Македонија во 1949 година, со задача да го негува и афирмира македонскиот фолклор. Ансамблот „Танец“ денес го сочинуваат 70 професионални играорци, инструменталисти и пејачи, како и стручна служба, која го опслужува ансамблот.
XS
SM
MD
LG