Достапни линкови

Занаетите, сепак, изумираат


Стара чаршија

Стара чаршија

Ефтините кинески производи, но и напредокот на технологијата ги убиваат старите заенаети, се жалат неколкуте преостанати занаетчии во Старата скопска чаршија. Од стотината калајџии, алваџии, бозаџии, јорганџии, казанџии, кујунџии, папуџии и ковачи денеска само уште неколкумина, претежно повозрасни луѓе ги одржуваат занаетчиските дуќани во чаршијата.

Ефтините кинески производи, но и напредокот на технологијата ги убиваат старите заенаети, се жалат неколкуте преостанати занаетчии во Старата скопска чаршија. Од стотината калајџии, алваџии, бозаџии, јорганџии, казанџии, кујунџии, папуџии и ковачи денеска само уште неколкумина, претежно повозрасни луѓе ги одржуваат занаетчиските дуќани во чаршијата.

Ковачот Исмаил Зекир го наследил занаетот од неговите предци. Ова е многу тешка и напорна работа, вели тој.

,,Во секое наше време е тешко. Ни дедо ми направил куќа, ниту купил кола. Работиме да преживееме. Трошоците се големи: да се клепа една секира треба струја, ќумур и други работи. А за секира се добива 150/200 денари. Воопшто не се исплатува”

Занаетот го наследува неговиот син Нехат.

,,Последна генерација сум од ковачкиот занает што го наследив од прадедоми, дедо ми и татко ми. Инаку, син ми нема да ја работи оваа работа”.
Последна генерација сум од ковачкиот занает што го наследив од прадедоми, дедо ми и татко ми. Инаку, син ми нема да ја работи оваа работа

Ковачот Исмаил Зекир вели дека е логично индустријата да го уништи занаетот

,,Ние работиме претежно со земјоделски работи. И земјоделието е унапредено – никој не работи со мотика, со дикел, никој не ора со ралник. Сега веќе го нема тоа. Има трактори”

За волја на вистината занаетите во Скопје постепено исчезнуваат од почетокот на минатиот век, а особено меѓу двете светски војни.

За разлика од ковачите кои се жртви на напредокот, кројачите и папуџиите велат дека најголемата опасност за нив се евтините кинески производи.
Претседателот Ѓорѓе Иванов во посета на Старата Чаршија

,,Старите занаети пропаѓаат затоа што се носат кинески работи. Со кожа никој веќе не работи. Порано во оваа улица, пред дваесет години, се слушаше звук на чекан и работата на папуџиите. Сега папучи работат само уште двајца мајстори”

Се чини дека занаетчиите во чаршијата веќе им го отстапија местото на трговците.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG