Достапни линкови

Палестина бара да запре изградбата на израелските населби за да почнат преговорите


Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Ал Малки соопшти дека доколку не сопре изградбата на израелските населби на западниот брег нема да започнат преговорите. Тој додаде дека е разочаран и исфрустриран од позицијата на Израел во преговорите. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху соопшти минатиот месец дека ќе запре изградбата за да започнат мировните преговори со Палестина. Ал Малки пак соопшти дека и по објавата на Нетанјаху во некои делови на западниот брег сеуште се гради.
XS
SM
MD
LG