Достапни линкови

logo-print

2 мртви за време на курдските протести во Турција


Двајца луѓе во Турција го загубија животот кога еден налутен продавач отворил оган на курдските демонстранти, кои протестираат во покраината Мус, поради забраната за работа на прокурдската партија. Продавачот ги застрелал демонстрантите откако тие му ја демолирале продавницата. Одлуката на уставниот суд минатата недела да и забрани на Партијата за демократско општество да се бави со политика, поради нејзината наводна поврзаност со курдските бунтовници предизвика насилни протести на курдската нација во Турција.
XS
SM
MD
LG