Достапни линкови

Борба против корупција или за популарност?


Основен суд Скопје

Основен суд Скопје

По укинувањето на првостепените пресуди во случаите Бучковски, Тупурковски и Змиско Око, експертите коментираат дека под превезот на борбата против корупцијата, политичарите да се обидуваат да си ја зголемуваат популарноста.

Треба да се работи на градење на капацитетите на судовите и на јавното обвинителство, велат дел од домашните експерти. Претседателката на невладината организација Транспарентност Нулта корупција Слаѓана Тасева вели дека често се случува, под превезот на борбата против корупцијата, политичарите да се обидуваат да си ја зголемуваат популарноста.
Не можеме со политика да водиме борба против корупција, туку треба да ја водиме врз основа на правото и законите.


„Не можеме со политика да водиме борба против корупција, туку треба да ја водиме врз основа на правото и законите.“

Во последните десетина дена Апелацискиот суд ги укина првостепените пресуди на поранешниот премиер Владо Бучковски за армиското оружје и на Васил Тупурковски за тајванските кредити. Апелација, вчера ги укина пресудите и на 72-цата обвинети за организиран криминал на патарините, во случајот Змиско око. Сите три случаи се вратени на повторно одлучување во основниот суд.

Миниистерот за правда Михајло Маневски не сака да ги коментира судските одлуки. „Тоа не е моја работа, тоа е работа на судот“, вели тој.
Адвокатот Драган Малиновски е поранешен претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој вели дека секој случај треба да се разгледува посебно.
Тоа треба да го сфатиме како нормална состојба во судството, во смисла на тоа дека првостепената одлука секогаш подлежи на ревизија во жалбената постапка

„Јас не би извлекувал генерален заклучок од таквата состојба. Тоа треба да го сфатиме како нормална состојба во судството, во смисла на тоа дека првостепената одлука секогаш подлежи на ревизија во жалбената постапка.“

Од друга страна, Тасева посочува дека овие случаи биле исполитизирани од самиот почеток.

„Самиот факт дека во случајот Тупурковски беше лице кое беше експонирано политички, со самото тоа има политика во случајот. Но, има и политика во тоа дека политиката наша сакаше да покаже дека води борба против корупцијата по секоја цена.“

Пресудите за случаите Змиско око и армиско оружје кои беа поништени од Апелациониот суд се донесени од ист судија. Малиновски посочува дека законот дава можност за укинување или преиначување на првостепената пресуда и дека тоа е нормална судска процедура.

„Системски е поставено првостепените пресуди да се преиспитуваат во жалбена постапка. Секако, добро е за судијата да има што повеќе потврдени пресуди бидејќи тоа влегува во неговата биографија и тоа е основа за негово напредување во кариерата, но има многу случаи на укинување на пресуди на тоа не треба да се гледа така страшно.“

Тасева вели дека е добро да има големи случаи на корупција, но тие треба да се спроведат по законска постапка.





  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG