Достапни линкови

Сали Бериша реизбран за лидер на Демократската партија


Албанскиот премиер Сали Бериша повторно е избран за лидер на владејачката Демократска партија. На партиската конвенција со повеќе од 1000 гласови тој е избран да ја води партијата во наредните 4 години. Бериша вети дека ќе ја подобри состојбата во здравството, ќе ги зголеми платите и дека ќе се бори против сиромаштијата во земјата за време на својот премиерски мандат. Албанската опозиција и натаму го бојкотира парламентот, обвинувајќи ги демократите за фалсификување на изборите, а Бериша и неговиот кабинет го обвинуваат за корупција.
XS
SM
MD
LG