Достапни линкови

logo-print

Обама си дал оценка „ 4 плус “


Американскиот претседател Барак Обама во интервју со Опра Винфри ја оценил својата едногодишна работа во Белата куќа со оценка 4 плус. Единствената пречка што не си дава повисока оценка се недовршени во целост делови од неговата агенда- реформите во здравството и вработување на повеќе Американци, вели Обама. Тој истакна дека направил прогрес во економијата и на интернационалните фронтови. Во интервју за специјалното издание на ABC „ Божиќ во Белата Куќа “ Обама изјавил дека единствениот товар што го носи е економскиот раст, кој не носи нови работни места.
XS
SM
MD
LG