Достапни линкови

Куманово - Фармерите партнери на владата

Подобри денови за фармерите

Подобри денови за фармерите

Во согласност со законот за здружување, во тек е акција за евидентирање на членовите и нивно здружување, што ќе доведе и до посакуваните бенефиции

Федерацијата на фармерите во Македонија на Александар Стојановски од Куманово за деценија ипол работа во здружувањето на земјоделските производители и за неговиот ангажман во основањето на Федерацијата на фармерите му оддаде признание, а на кумановските земјоделци- членови во Здружението им даде бесплатни членски карти.

„Ова е неопходна потреба за евидентирање на нашите членови, бидејќи во државава има премногу претставници на земјоделци и земјоделски организации. Согласно Законот за здружување со ова треба да се стави ред, а процесот ќе помогне за евидентирање на членовите, како и обезбедување одредени бенефиции на фармерите“.

Изјави Ѓоко Данаилов претседател на Федерацијата на фармерите. Кумановскиот фармер Марјан Гиевски, раководител на репроцентарот на израелската раса овци аваси во селото Градиште за фармерството во Македонија вели:

„Последниве години не е лошо. Работите одат кон подобро.Владата најде пари за помош на земјоделците во Македонија. Федерацијата е добра замисла и ме радува што постои една хоризонтална асоцијација која ги сублимира сите други асоцијации на земјоделските производители“.

Алекандар Стојановски, првиот добитник на признанието за фармерското здружување не го крие задоволството поради тоа. Тој смета дека со зачленувањето на Здруженијата во Федерацијата ќе има список на сите институции и организации во областа на земјоделството,а Федерацијата пред Владата ќе ги постава за решавање проблемите на земјоделците.

„ Само така земјоделството може да оди напред“.
Вели Стојановски.

Здружението на земјоделците во Куманово брои 800 членови-фармери и околу пет илјади пријатели-соработници,вели актуелниот претседател Нако Николовски.

• 16x9 Image

Светлана Антиќ Јовчевска

По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG