Достапни линкови

Во велешко приоритет за комуналните проблеми


Најмногу поплаки за инфраструктурата
Најмногу поплаки за инфраструктурата

На жителите од Велес, Градско, Чашка и Лозово најмногу им пречат нерешените комунални проблеми. Жителите бараат од општините да ги решаваат проблемите според нивните приоритети.

На жителите од Велес, Градско, Чашка и Лозово најмногу им пречат нерешените комунални проблеми. Жителите бараат од општините да ги решаваат проблемите според нивните приоритети.Отпадните води, атмосферската канализација, улиците и уличната сигнализација да бидат први на списокот за решавање на локалната самоуправа. Овие податаоци произлегуваат од граѓанските работилници на фондацијата за локален и демократски развој „Фокус“ за идентификување на граѓанските проиритети. Според податоците од фонацијата општините исполниле само една третина од потребите на граѓаните.
Граѓаните поаѓаат од средината каде што живеат и што е тоа што и недостасува на таа средина

Заменикот министерт за локална самоуправа Фарук Фератовски вели дека треба време да се исполнат барањата на граѓаните.
Фарук Фератоски, заменик министер за локална самоуправа

,,Не би рекол дека 30 проценти е мал процент во реализацијата на овие иницијативи. Тоа е доста успешен процент, без разлика што тоа е процес којшто е во зародиш”

За градоначалникот на Велес, Горан Петров барањата на граѓаните се легитимни , и општината треба да провери колку од инфраструктурните барања на граѓаните можат да се реализираат.

,,Граѓаните поаѓаат од средината во којашто живеат и што е тоа што и недостасува на таа средина. Пред се, околу 70 проценти од барањата се сврзани со инфраструктура. Значи, сето она што навистина е проблем за граѓаните. По однос на процесот за фискалната децентрализација, општините немаат премногу средства за да може веднаш и во првата година да ги удоволиме сите барања”


Градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски бара да се направи стратегија со која ќе се одвојат урбаните од руралните средини затоа што не можат да се разберат.

,,Ние сме многу таинствени луѓе во нашите општини. Живееме во сенка на големиот брат. Луѓето имаат многу посериозни проблеми во врска со секојдневицата во животот, затоа што ги немаат основните услови за живеење”


Директорот за демократија и локално владеење во УСАИД , Кенет Лизио вели дека за подобро функционирање на локалната самоуправа мора да се подобри меѓу општинската соработка.

,,Истовремено, избраните претставници мораат вешто да ги пребродат политичките и економски пречки за да постигнат административна ефикасност и поголема финансиска независност од централната власт”

Лизио порача граѓаните да се вкучат во планирањето на општинскиот буџет, да се зголеми капацитетот на невладините организации, како и да се зголемат капацитетите за самофинансирање на општините.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG