Достапни линкови

logo-print

ММФ и Европската Комисија во посета на Романија


Делегација на Меѓународниот монетарен фонд и Европската Комисија пристигна денеска во Романија да разговара за заемот на земјата, кој беше стопиран поради политичката криза. Делегацијата ќе се сретне со романските власти да разговара и за буџетот за 2010 година, кој треба да се одобри од парламентот и е клучен за земјата да се ослободи од 2,2 милијарди заем од ММФ. Уставниот суд на Романија треба да одлучи неделава дали претседателските избори на 6 декември биле регуларни по обвинувањата на социјалдемократската партија чиј кандидат Мирчеа Џоана загуби за 70 000 гласови од Трајан Басеску.
XS
SM
MD
LG