Достапни линкови

Земјите во развој ја напуштиле конференцијата во Копенхаген


Земјите во развој ги напуштиле работните групи на конференцијата за климатски промени во Копенхаген. Тие бараат од богатите земји да ги зголемат своите напори за намалување на емисијата на штетни гасови. Земјите во развој нема да учествуваат во било какви активност на конференцијата на 192 земји се додека не се реши тоа прашање. Ваквиот потег е чекор наназад во разговорите, кои се водат втора недела во данскиот главен град. Целта на конференцијата е да се дојде до договор за намалување на емисијата на јаглерод диоксид во воздухот и да се овозможат милијарди долари на сиромашните земји во борбата со глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG