Достапни линкови

Белускони во болница најмалку уште еден ден


Докторот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони соопшти дека тој ќе остане во болница најмалку уште еден ден, откако беше удрен по лицето на синоќешниот митинг во Милано. Алберто Зангрили кој се грижи за премиерот изјавил дека на 73 годишниот Берлускони ќе му бидат потребни околу три недели за целосно да се опорави од нападот, бидејќи му е скршен носот и два заба. Напаѓачот Масимо Тартања според полицијата имал нарушено ментално здравје.
XS
SM
MD
LG