Достапни линкови

Притвор за екипажот на авионот со оружје од Северна Кореа


Судот во Тајланд уште за дванаесет дена го продолжи притворот на четворицата казахстанци и на еден белорусин кои слетале во Тајланд со товарен авион во кој имало оружје од Северна Кореа. Авионот слетал во Бангкок да наполни гориво. Приведените велат дека не знаеле што имало во авионот со грузиски регистарски ознаки. Северна Кореа е под санкции на Обединетите нации со кои се предвидува и забрана на транспорт на одредени оружја кон и од Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG