Достапни линкови

Фер гласање на вториот круг од изборите на Косово


Централната изборна комисија на Косово соопшти дека вчерашниот втор круг од изборите за градоначалници на 21 општина поминал во фер гласање. Сепак, според некои извештаи, за време на гласањето имало повеќе неправилности, а во некои случаи интервенирала и полицијата. Демократската партија на премиерот Хашим Тачи најави победа во Митровица, Призрен и Качаник, Алијансата за иднина на Косово соопшти дека победиле во Пеќ и во Сува Река, додека кандидатите на Демократскиот сојуз на Косово на претседателот Фатмир Сејдиу победиле во Исток, Подуево, Ново Брдо и Обилиќ.
XS
SM
MD
LG