Достапни линкови

Јанбад-САД го предупреди Ирак за нападите во Багдад


Поранешениот воен командат Абоуд Јанбад им соопштил на законодавците во Багдад денеска дека американската војска ги предупредила ирачките безбедносни сили за серијата напади во главниот град на Ирак, неколку часа пред тие да се случат. Парламентот трет ден по ред расправа за бомбашките напади во вторникот во Багдад, каде животот го загубија најмалку 127 луѓе. Премиерот Нури Ал Малики го смени Јанбар од неговото работно место, откако законодавците побараа одговор за пропустите на безбедносните сили. Денеска во една експлозија на паркиран автомобил во западен Ирак, животот го загубија две лица.


XS
SM
MD
LG