Достапни линкови

logo-print

Браун и Карзаи-треба да се здружиме за да го победиме тероризмот


Британскиот премиер Гордон Браун денеска при својата посета на Авганистан разговорал со претседателот Хамид Карзаи дека треба да ги здружат силите во борбата против тероризмот и нагласиле дека треба да се зголеми обуката на авганистанските воени сили. На состанокот Карзаи му соопштил на Браун дека планира да испрати 10 000 илјади војници да им се придружат на британските во покраината Хелманд, каде се најактивни Талибанците. Браун претходно најави дека ќе испрати во Авганистан уште 500 војници.

XS
SM
MD
LG