Достапни линкови

logo-print

Иранскиот лидер со низа обвинувања до опозицијата


Иранскиот лидер Ајатолах Али Каменеи денеска ја обвини прореформистичката опозиција дека го нарушува правото и го навредува основачот на исламската република Ајатолах Рухолах Комеини. Тој ги повика членовите на опозицијата да ги идентификуваат тие кои го навредиле Комеини. Иранските медиуми ги обвинија проопозициските студенти дека ја искинале сликата на основачот Коменеи на протестот во понеделникот, кој прерасна во протест на опозицијата против власта. Лидерот Каменеи соопшти и дека опозицијата им дава храброст на непријателите на Иран и ги повика да се вратат на правиот пат.

XS
SM
MD
LG