Достапни линкови

Бесплатна вакцинација против свински грип за сите граѓани на Македонија


Од утре во заводите за здравствена заштита во Македонија ќе започне бесплатна вакцинација за сите граѓани против грипот А Х1 Н1. Лекот тамифлу луѓето ќе го добиваат бесплатно со рецепт од матичен лекар и ќе можат да го подигнат во аптеките низ земјава. Од бирото за лекови информираат дека има доволни количини на тамифлу. Министерот за здравство Бујар Османи ги повика граѓаните грипот да го сфатат сериозно и да се вакцинираат.




XS
SM
MD
LG