Достапни линкови

Багапш повторно избран за претседател на Абхазија


Сепаратистичкиот лидер Серегеј Багапш е повторно избран за претседател на Абхазија на изборите кои за многу земји се нелегитимни, но се подржани од Русија. Изборната комисија на Абхазија соопшти дека Багапш освоил 59,4 проценти од гласовите, а неговиот најголем противник Раул Кајимба 15,4 проценти. Според резултатите, нема да има потреба од втора рунда. Опозицијата која се жалеше на нерегуларности се надеваше дека ќе го натера Багапш да се откаже од трката. Москва ја призна независнoста на Абхазија, по војната со Грузија минатата година. Грузија инстистира дека Абхазија и другите сепаратистички региони, како Јужна Осетија сеуште и припаѓаат на неа.
XS
SM
MD
LG