Достапни линкови

Втор круг локални избори во Косово


Во Косово денеска се одржува вториот круг од локалните избори. Во првиот круг прогласи победа владејачката Демократска партија на премиерот на Косово Хашим Тачи. Беа избрани и советници во локалните совети. Второто место во првиот круг го освои Демократскиот сојуз на Косово, партијата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Одѕивот на избирачите во првиот круг беше 45 проценти. Централната изборна комисија соопшти дека ги завршила сите подготовки за вториот круг од локалните избори. Косовската полиција соопшти дека ангажирала околу 4.000 припадници на безбедносните сили за одржување на редот и мирот.

XS
SM
MD
LG