Достапни линкови

Браун во ненајавена посета на Авганистан


Британскиот премиер Гордон Браун денеска пристигна во ненајавена посета на Авганистан, каде што се сретна со претседателот Хамид Карзаи. Браун изјавил дека наредните неколку месеци ќе бидат критични за Авганистан, бидејќи силите на САД и нивните сојузници ќе ја зголемат офанзивата против Талибанците. Тој соопшти дека сојзуниците сега мора да ја покажат нивната решителност во борбата со Талибанците, но ,исто така, и одлучност за зголемување на улогата на авганистанската Влада. Британија најави дека ќе испрати дополнителни 500 војници, а САД уште 30 000 во Авганистан.
XS
SM
MD
LG