Достапни линкови

Абхазија денеска ќе добие нов претседател


Резултатите од претседателските избори во Абкхазија ќе бидат соопштени денеска. За прв пат минатата недела се одржа гласање во оваа земја откако Москва ја призна територијата од 200 000 луѓе за независна држава, по војната со Грузија минатата година. Грузија инстистира дека Абхазија и другите сепаратистички региони, како Јужна Осетија дека сеуште и припаѓаат на неа. Сегашниот претседател Сергеј Багапаш се кандидираше за втор мандат. Грузија која е сојузник на САД соопшти дека изборите се комедија водена од страна на Русија. Опозицијата се жалела на неправилностите, а скоро 65 проценти од населението излегло на гласање.
XS
SM
MD
LG