Достапни линкови

Уапсен заменик градоначалникот на Кабул


Авганистанските официјални лица соопштија денеска дека е уапсен заменикот на градоначалникот на Кабул, поради корупција. Адвокататот Фазел Ахмад Факириуау изјави дека Вахибудин Садат е обвинет за злоупотреба на својата положба. Кадат бил уапсен на меѓународниот аеродром во Кабул, кога се враќал од Мека, Саудиска Арабија. Минатата недела и гардоначалникот на градот Абдул Ахад Ашеби беше обвинет за корупција и осуден на 4 години затвор.
XS
SM
MD
LG