Достапни линкови

Во Скопските клиники нови 36 пациенти од грипот А Х1Н1


Во клиниките во Скопје во последните 24 часа се хоспитализирани нови 36 пациенти под сомнение дека се заболени од новиот вирус на грипот А Х1Н1. Со тоа бројката на лица задржани поради новиот вирус на грипот само во Скопје е над 200 лица. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, е стабилна, освен кај еден пациент, кој е со потешка форма на пневмонија.
XS
SM
MD
LG