Достапни линкови

Протести во Копенхаген за спречување на глобалното затоплување


Данската полиција соопшти дека околу 30 000 луѓе денеска протестираат во центарот на Копенхаген. Тие бараат од учесниците на конференцијата за климатски промени да постигнат договор за спречување на глобалното затоплување на земјата. Данскиот главен град е преплавен од демонстрантите кои се облечени во сини маици и носат сини знамиња. Тие шест километри маршираа од замокот Кристијансбург до центарот, каде што се одржува 12 дневната конференција. Маршот е организиран од 515 организации од 67 земји.
XS
SM
MD
LG