Достапни линкови

Кина го шири влијанието во Централна Азија


Кинескиот претседател Ху Џинтао денеска пристигна во Казахстан од каде во понеделник ке отпатува за Туркменистан на отворање на гасоводот кој ја поврзува Кина со енергеткси богатиот регион на Централна Азија. Станува збор за гасовод долг 1.833 километри од Узбекистан, Туркменистан, преку Казахстан до западниот кинески регион Ксинџијанг. На тоа се гледа како на губење на контролата врз дистрибуција на гас од регионот на поранешниот Советски Сојуз која ја има Русија. Кина се обидува да го зголеми своето влијание во регионот на Централна Азија, преку обезбедување на милијарди долари заеми и инвестиции.
XS
SM
MD
LG