Достапни линкови

ЕУ загрижена од укинувањето на про курдската партија во Турција


Европската Унија, изрази загриженост поради одлуката на турскиот Уставен суд за укинување на главната прокурдска партија како за забраната за политичка активност на демократски избраните претставбици на таа партија“.
„ЕУ остро осудува насилство и тероризам, но потсетува дека укинувањето политички партии е вонредна мерка кон која треба да се прибегне во крајна потреба“, се вели во соопштението.
Унијата ја повика Турција да го усогласи својот закон за политички партии со препораките на Советот на Европа и европската Конвенција за човекови права.
Стотици курдски демонстранти се судрија синоќа со полицијата во Турција по забраната објавена од Уставниот суд за Партијата за демократско општество.
XS
SM
MD
LG