Достапни линкови

АСПЕН: САД подржуваат брзо решение за името, изјави Стивен Џонс


САД се силно заинтересирани за евроатлантските перспективи на Македонија и поддржуваат брзо решение за проблемот со името, изјави синоќа американскиот помошник-државен секретар за евроазиски прашања Стив Џонс на тркалезната маса организирана од американскиот АСПЕН Институт за безбедноста и перспективите на Западниот Балкан во Берлин.
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, како што јави Миа, запрашан од амбасадорот на Грција во Германија Атанасиос Креикукис дали верува во процесот на медијаторот Метју Нимиц, Милошоски одговори дека верува дека на решение на проблемот може да се најде во процесот на медијаторот Нимиц затоа што тој има знаење, познавање на законот и добри идеи.
Институтот АСПЕН, постојано организира дијалог меѓу лидерите од земјите од Западниот Балкан за нивните евроатлантски аспирации и меѓусебни проблеми за кои без вообичаената дипломатска внимателност се кажуваат работи кои официјалната политика не може да ги соопшти. Најчесто тие се одвиваат без присуство на јавноста.
XS
SM
MD
LG