Достапни линкови

Кавги за ДУП-от во Битола


Внатрешна контрола деновиве го чешла работењето на службите во општина Битола откако градоначалникот Владимир Талески јавно соопшти дека некој се обидел да му подметне документ на потпис за кого постоеле одредени нерегуларности. Се работи за донесување на детален урбанистички план за населба во Битола каде претходно започнале градежни активности. Талески вели дека планот без негово
Не знам ни како стигнал тој предмет да биде на вонредна седница штом не е од нас инициран. Овој пат нема да биде потпишан
знаење бил поставен вонредна општинска седница на која тој не бил присутен. Работата ја открил кога изгласаните одлуките стигнале на потпис кај него.

„Имав забелешка од секторот за урбанизам таа одлука да не ја потпишувам зашто во тој дел има некаква нерегуларност во донесувањето на одреден документ. Процедурата не е спроведена до крај, нашата администрација го нема тоа поминато, тој документ не е кај нас архивиран, спорна е регуларноста. Не знам ни како стигнал тој предмет да биде на вонредна седница штом не е од нас инициран. Овој пат нема да биде потпишан“

изјави Талески.
Навистина нема потреба да се стави никаква дилема околу ова. А зошто градоначалникот не ја потпишал јас добив од службите информација дека на некој план лист три, во кого немаат увид советниците, стои потпис кој не можат да го дешифрираат од кого е од општинската администрација

За претседателката на советот, Лилјана Кузмановска, која ја водеше вонредната седница со спорната точка, не постаојат никакви нерегуларности. Таа обрзаложува законот дозволува точки на дневен ред да се ставааат и на почетокот на седницата.

„Навистина нема потреба да се стави никаква дилема околу ова. А зошто градоначалникот не ја потпишал јас добив од службите информација дека на некој план лист три, во кого немаат увид советниците, стои потпис кој не можат да го дешифрираат од кого е од општинската администрација“

вели Кузмановска.

Опозицијата критикува дека точката била ставена на дневен ред без претходно да помине на потребните комисии и консултации со останатите советници. Бараат полицијата и другите истражни органи да го испитаат кој што фалсификувал и што се градело на земјиштето. Премиерот Груевски го прашуваат.

„Дали планира во Битола да го примени законот за градба со кој се предвидува конфискација на имот или во Битола има граѓани од прв и од втор ред? Граѓани од прв ред се оние врз кои не се применуваат законите, луѓе биски до власта- обвини Зоран Ковачевски претседател на СДСМ од Битола.“
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG