Достапни линкови

Ален Бергант, амбасадор на Словенија во Македонија


Ален Бергант амбасадор на Словенија во Македонија
Ален Бергант амбасадор на Словенија во Македонија

Новите средби на највисоко ниво помеѓу Атина и Скопје, исто така влеваа некаква надеж. Доколку ги читаме заклучоците за Македонија, не се така лоши. Тука пишува дека министрите повторно ќе се вратат на ова прашање, имаме некаков поттик за решавање на спорот и исто така се прави притисок и за другата страна, значи не само за Македонија туку и за Грција, за спорот со името да се реши

Амбасадоре како ја гледате позицијата на Македонија, особено сега по завршувањето на состанокот на Советот на министри на ЕУ, како го толкувате заклучокот што министрите го донесоа за Македонија?

Морам да признаам дека не сум баш среќен со ова што се случи, бидејќи оваа година беше година на Македонија. Во јануари, значи на почетокот на годината имавме девет бенчмаркови, веќе во март и април Македонија направи добри избори, значи тогаш имавме осум бенчмаркови, а со извештајот на ЕК на 14 октомври, Македонија доби позитивна оценка дека земјата ги извршила сите препораки од бенчмарковите и доби позитивна оценка за почеток на претпристапни преговори со ЕУ. После тоа, доби исто така и други позитивни вести од Брисел, тоа беше визната либерализација. Македонија ја реши границата со Косово и исто така воспостави дипломатски односи со Косово. Исто така овие нови средби на највисоко ниво помеѓу Атина и Скопје, исто така влеваа некаква надеж. Доколку ги читаме заклучоците за Македонија, не се така лоши. Тука пишува дека министрите повторно ќе се вратат на ова прашање, имаме некаков поттик за решавање на спорот и исто така се прави притисок и за другата страна, значи не само за Македонија туку и за Грција, за спорот со името да се реши. Значи имаме позитивен и неутрален јазик, а кога збориме за шпанското претседавање, би сакал да напоменам дека за време на шпанското претседавање Словенија направи шпански компромис. Значи ние исто така имавме проблем со една од нашите соседни држави кога се вклучувавме во ЕУ, тоа беше соседна Италија.
Alen Bergant
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:10:38 0:00

Веќе сега се пуштаат во оптек шпекулации дека Шпанија не е заинтересирана за овој дел од Европа и дека освен тоа е поголем пријател со Грција, па според тоа на што го темелите тој оптимизам дека ЕУ ќе го задржи интересот за ова прашање и во наредниот период, за време на претседавањето на Шпанија?

Јас мислам дека Шпанија сигурно ќе го стави подрачјето на Западен Балкан на листата на свои приоритети и да се обиде да се реши овој спор. Не само Шпанија бидејќи и сите други држави на ЕУ нема да вршат притисок, бидејќи во ЕУ меѓу државите членки владее вредноста на солидарност, ама ова прашање треба еднаш да се затвори. Сега е на Атина и на Скопје да ги продолжат разговорите за името, очекувам исто така што побрзо да се јави и посредникот Метју Нимиц и да се продолжи со процесот. Значи сега не е време за жалење во Македонија или да се биде несреќен, туку треба да се продолжи и не само со разговорите, туку да се продолжи и со реформите. Затоа што овој период сега Македонија може многу добро да го искористи, треба да работи како да добила датум, затоа што после ќе биде полесно со преговорите, ако сега се продолжи со овој момент. Значи, не треба да се губи надеж, овој момент треба да се искористи за да се направат обиди да се најде некакво решение, секако такво решение кое нема да го загрози македонскиот идентитет, јазик и култура.

Меѓутоа гледате колку се тврди грчките позиции, па гледате ли визија кај македонските власти, генерално политичари во земјава, за надминување на овој спор?

Значи мојот мандат во Скопје не е да се занимавам со ова прашање, туку би сакал да кажам што треба сега Македонија како држава, бидејќи знаете дека има голема поддршка од граѓаните за ЕУ и за НАТО, значи одговорноста на власта сега е битна, и тоа не само на власта, туку и на опозицијата, да се сложни, да зборат во еден глас, да се обединат сега, а не да се делат. Сега повторно треба да се заедно и што побрзо со заеднички сили да се најде решение, да се дојде конечно до некаков компромис кој што ќе биде добар и за Атина и за Скопје.

Се споменуваше и некаква применливост на решението на храватско-словенечкиот спор во македонскиот случај. Гледате ли и вие таква можност?

Ако гледаме година наназад, решавањето на хрватско-словенечкиот спор изгледаше дека нема да се најде решение, изгледаше многу црно. Тогаш Словенија стави вето за отварањето на неколку поглавја за Хрватска, но со новата власт во Хрватска со премиерката Јадранка Косор, многу бргу оваа ситуација се промени, направена беше една многу добра атмосфера помеѓу нашиот премиер Борут Пахор и Јадранка Косор, а исто така постојано имавме директни разговори со Хрватска, на техничко ниво и на ниво на министри за надворешни работи и премиери. И ние тогаш имавме помош од Европската Комисија. Кај нас беше медијација од ЕК, од државата претседавач, вие тука имате медијација од Обединетите Нации и амбасадорот Метју Нимиц, но можете исто така да учите од нас, да има директни разговори за најдобро да се препознае каде се проблемите и ова што го видовме во последните месеци за сега сеуште не вроди некаков напредок, но јас сум уверен дека кога би се продолжиле средбите на ниво на министри за надворешни работи и премиерите на двете држави и можеби и претседатели, ќе продолжи оваа динамика. Исто така сакам да кажам дека кај нас притисокот од ЕУ не помогна, туку тоа што најдовме сила за директни разговори е резултат на наоѓањето на компромис меѓу Љубљана и Загреб.

Какви промени во Европската Унија се очекуваат со влегувањето во сила на Лисабонскиот договор, мислам пред се на некаков бенефит којшто пред се би го имале државите аспиранти за влез во Унијата?

Тоа е позитивно за проширувањето, бидејќи сега има правен основ за ЕУ да шири и понатаму, тоа е позитивно за сите држави кои сакаат да се придружат, тоа е позитивно и за Македонија. ЕУ ќе биде посилна, имаме повеќе ефикасност кај одлучувањето на ЕУ, повеќе демократија поради улогата на Европскиот Парламент и повеќе улога на националните парламенти и исто така Унијата ќе зборува со еден глас со другите држави, значи ЕУ ќе биде поединствена.

Дали во некоја рака излезе така како што постојано стравувавме, дека визната либерализација е субститут за напредокот кон ЕУ?

Според мене не е никаков субститут, туку е само еден чекор затоа што Македонија сега е поблиску до ЕУ со добивањето на безвизниот режим со Унијата, значи целиот процес за визната либерализација се започна за време на словенечкото претседавање со Унијата, во првата половина на 2008 година, значи тоа ќе се случи следната сабота и многу сум горд за тоа. Словенечката туристичка асоцијација ќе лансира по тој повод еден проект ,,Плати еден, патувај двајца„ значи тоа ќе го лансираме следниот петок тука во Скопје, во тоа време имаме најава и дека Скопје ќе го посети посебен известувач за визната либерализација во Европскиот Парламент, а исто така имаме и најава дека во Скопје на тој ден ќе дојде специјалниот известувач во ЕП за Македонија Зоран Талер. Нивната порака сигурно ќе биде дека Македонија треба да продолжи со реформите, никогаш Македонија не била така блиску до ЕУ како што е сега и уште еднаш заедно со наша помош и со помош на другите држави, мислам дека ќе се најде решение во следната година и дека Македонија следната година ќе почне со разговорите.
XS
SM
MD
LG