Достапни линкови

Џенкинс - За признавање на името на Македонија - се е можно


„Се е можно, но малку е веројатно, изјави претседателот на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија Хери Џенкинс по средбата во Скопје со Претседателот на Македонското Собрание Трајко Велјановски, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно во австралискиот Параламент наскоро да се покрене иницијатива за признавање на Македонија под уставното име.
Според Џенкинс важен е фактот што Австралија на Македонците кои живеат таму им дозволува да се самоидентификуваат онака како што сакаат и како што се чувствуваат. Доказ за тоа е овој документ за јавен превоз изададен од државата Викторија, во кој е назначено дека тој е преведен на македонски јазик, без никакви придавки и додавки, изјави Џенкинс.
XS
SM
MD
LG