Достапни линкови

Груевски и Папандреу да најдат решение, порака од евр-пратеници


Недоредувањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија не значи блокада, туку одложување за одреден период кој Атина и Скопје треба да го искористат за да го решат спорот со името, оценуваат евро-пратениците Зоран Талер и Јоргос Шацимаркакис. Тие оценуваат дека се неопходни храбри одлуки на премиерите Груевски и Папандреу и тоа што поскоро. И шефот на шведската дипломатија, Карл Билд, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент, оцени дека за македонско – грчкиот спор постои позитивна клима, но доддаде дека доколку тоа не се претвори во конкретен договор во текот на наредните месеци, ќе биде испуштена голема историска шанса.
XS
SM
MD
LG