Достапни линкови

Претседателот на австралискиот парламент во посета на Македонија


Во Македонија во прва официјална посета престојува претседателот на Претставничкиот дом на Австралија, Хенри Џексон, на покана од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски. Претседателот на Парламентот Џексон ќе биде примен од претседателот на РМ Ѓорге Иванов, а според агендата, делегацијата ќе има одделни средби со членовите на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Австралија. Џексон в понеделник ќе се обрати пред пратениците на посебна седница на Собранието на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG