Достапни линкови

Средба на Коњановски со Ставридис, командант на НАТО за Европа


Министерот за одбрана на Македонија Зоран Коњановски во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се сретне со постојаните преставници на повеќе земји членки на Алијансата, меѓу кои и на САД, Албанија, Бугарија, Естонија, Унгарија, Холандија и на Чешка. Коњановски синоќа се сретна со американскиот адмирал Џејмс Ставридис, командант на Врховната команда на сојузничките сили за Европа. Тој изразил задоволство што Собранието поддржа уште една мисија во Авганистан со 79 војници од почетокот на февруари и најавил дека во првите шест месеци од следната година ќе ја посети Македонија. Посетите на Коњановски на седиштето на НАТО во Брисел и Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс, се во насока на продлабочување на досегашната билатерална соработка на Министерството за одбрана и највисоките воени командни структури на Алијансата.<br />
XS
SM
MD
LG