Достапни линкови

logo-print

Франција бара нови санкции против Иран


Франција ги повика земјите членки на Советот на Безбедност на Обединетите нации да почнат да работат за воведување нови санкции против Иран, поради одбивањето на Техеран да ја стопира својата нуклеарна програма што предизвикува меѓународна загриженост. Францускиот амбасадор во Обединетите Нации Герард Арауд изјави дека веќе не постои каква било причина за одолжување на чекорите за воведување економски санкции против Иран. Русија и Кина претходно побараа поголема трпеливост во релациите со Техеран, нагласувајќи дека сеуште има простор за дипломатија.
XS
SM
MD
LG