Достапни линкови

Франција ја подржува Македонија за членство во ЕУ


Франција го гледа напредокот на Македонија и ја подржува европската интеграција на земјата, соопшти денеска француското министерство за надворешни работи. Со тоа тие ја демантираа изјавата на францускиот државен секретар за европски прашања Пјер Лелуш, дека Франција е на страната на Грција и затоа ја подржала на состанокот на советот на ЕУ во Брисел. Потпаролот на министерството Кристоф Ле Риголер изјавил дека нивната позиција била Македонија да не добие блокада и се залагала за отварање на преговорите за членство во унијата.
XS
SM
MD
LG