Достапни линкови

ЕУ ги повика земјите членки да и помогнат на Грција


Шведското претседателство на ЕУ соопшти денеска дека Грција се наоѓа во лоша финансиска ситуација и ги повика земјите членки да и пружат подршка. Шведскиот министер за надворешни работи, Сесилија Малмстроем изјави дека за прашањето ќе се разговара на вечерашната вечера на премиерите во Брисел. Денеска и германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека унијата има одговорност за стабилизација на грчката економска ситуација. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги повика денеска противничките партии да разговараат за финансиската кризата во земјата.
XS
SM
MD
LG