Достапни линкови

Билд-претпазливо со санкциите за Иран за нуклеарната програма


Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд чија земја заседава со ЕУ соопшти денеска во Брисел дека треба да се пристапи многу претпазливо во воведувањето на нови санкции против Иран. Европските лидери се спремни да ги подржат Обединетите нации во снакциите против Иран ако земјата продложи да ги блокира разговорите со меѓународната заедница за нејзината нуклеарна програма. Билт смета дека политичката санкција е еден од инструментите за кој лесно се зборува, но треба да се биде крајно претпазлив во нејзиното спроведување. Иран тврди дека постројките за збогатување ураниум се за меѓународни цели, а не за создавање на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG