Достапни линкови

logo-print

Иванов-Македонија нема да го смени името по цена на идентитетот


Македонија нема да потклекне под притисокот да се откаже од правото на самоопределување и самоиндентификација. Македонија нема да го смени името и нама да прифати решение, кое го нарушува македонскиот национален и јазичен идентитет соопшти денеска претседателот Ѓорѓе Иванов на Правниот факултет во Скопје, по повод Меѓународниот ден на човековите права. Според Иванов никој не смее да си игра со идентитетот, гордоста и достоинството на македонскиот народ, бидејќи според Универзалната декларација за човекови права тоа се темелите на слободата, правдата и мирот во светот.
XS
SM
MD
LG