Достапни линкови

logo-print

Владината коалиција останува


Аналитичарите проценуваат дека во наредните шест месеци не треба да се очекува ниту еден од политичките субјекти да се впушти во ризик и да ја заостри политичката ситуација.

По одлуката на Советот на министри за датум за преговори да се одлучува во наредните шест месеци во ДУИ оценуваат дека најбитно е дека преговорите не се блокирани и оти сите политички фактори во месеците што се дадени како продолжена шанса ќе ги користат во
Евро интегративната приказна не е завршена негативно, туку напротив, одложена е за краток период. Мислам дека ќе биде разумно и поволно од аспект на нивни интереси ДУИ да остане во таа коалиција.
најдобра можна варијаната. Експертите проценуваат дека во наредните месеци кои се битни за евроитеграциските процеси не би требало да се очекува ниту од еден од политичките субјекти да се впушти во ризик и да ја заостри политичката ситуација. Политикологот Жидас Даскаловски вели дека сега товарот е кај ДУИ како најголема опозициска партија во албанскиот блок која треба да се обиде да ги ублажи тензиите меѓу албанските гласачи дека сега во моментот нема веднаш да почнеме со преговори

„Евро интегративната приказна не е завршена негативно, туку напротив, одложена е за краток период. Мислам дека ќе биде разумно и поволно од аспект на нивни интереси ДУИ да остане во таа коалиција.“

Мерсал Билјали вели дека периодот од шест месеци треба да се искористи како време за да ублажат состојбите кај албанскиот блок и во таа насока очекува во меѓувреме да има разговори мегу ДУИ и ВМРО ДМНЕ околу иднината на нивната коалиција која според него ке зависи од подготвеноста на владата да го реши прашањето за спорот со името.

„Ако тие во таа средба излезат со заеднички став нема да има никаков проблем. Но, ако не се добијат јасни гаранции дека проблемот ќе се реши може многу лесно таа коалиција да се распадне.“
Aко не се добијат јасни гаранции дека проблемот ќе се реши може многу лесно таа коалиција да се распадне

За лидерот на Нова демократија Имер Селмани одлуката на советот на министри во Брисел е резултат на несериозен пристап на државниот врв во решавањето на спорот со името. Порадикална верзија на барања најави опозициската ДПА. Нејзиното раководсво побара оствка на владата и повлекување на ДУИ од коалицијата оценувјки дека владата не сака Македонија да биде дел од Европа. Според Билјали таа партија ја користи ситуацијата поради недобивањето датум и сака политички да профитира, оценува Билјали

„Тој веројатно ќе сака да ја искористи ситуацијата за сопствен рејтинг.“

Даскаловски вели дека во битката за гласачи опозицискте партии во албнскиот блок имаат зас себе искуство да настапуваат со радикализам кога има драматични ситуации на политичката сцена.

„Очекувано е да се појави порадикална верзија на нештата од ДПА во моментов како опозициска партија. Товарот е врз ДУИ која на некој начин ќе мора да ги ублажи тензиите.“

„“

Во анкетата што ја спроведовме на Сајтот на Радио Слободна Европа учеството на ДУИ во владата има подршка од 28,2 проценти , а 63 проценти се изјасниле дека таа партија треба да ја напушти владата. 8, 8 проценти немаат став во изјснувањето во кое има вкупно 454 гласови.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG