Достапни линкови

Министерот Коњановски во седиштето на НАТО


Министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска и утре ќе претстојува во Белгија каде што ќе ги посети седиштето на НАТО во Брисел и Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс.Во седиштето на НАТО Коњановски ќе има средби со постојаните претставници на повеќе земји членки, а во Врховната команда во Монс, пак, ќе се сретне со командантот на сојузничките сили за Европа, адмирал на морнарицата на САД, Џејмс Ставридис.
Посетите на министерот за одбрана се во насока на продолжување и продлабочување на досегашната билатералната соработка на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија со НАТО членките и највисоките воени командни структури на Алијансата.
XS
SM
MD
LG