Достапни линкови

Истрага за апсењето на 5 те американци во Пакистан


Петмина млади Американци под сомнение дека се поврзани со терористички организации се уапсени од пакистанските власти. Станува збор за 20 годишници и по нивното приведување во провинцијата Пенџаб во тек е истрага. Американското Федерално истражно биро соопшти дека со пакистанските власти работи на утврдување на целта на патувањето на Американците во Пакистан. Тие исчезнале минатиот месец и оставиле снимка со сцена од војна со порака дека муслиманите треба да бидат одбранети.
XS
SM
MD
LG