Достапни линкови

Обама пристигна во Осло да ја прими Нобеловата награда за мир


Американскиот претседател Барак Обама пристигна денеска во Осло за да ја прими Нобеловата награда за мир. Функционери од Белата куќа информираат дека во поздравниот говор Обама планира да зборува за парадоксот, како Нобеловата награда за мир ја добил врховниот командант на армијата која војува во Ирак и во Авганистан. Неименуван функционер од Белата куќа, за новинската агенција Ројтерс рече дека Обама ќе се обиде да ја објасни војната во Авганистан како дел од голема акција за спроведување на мирот. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави дека Обама разбира оти не припаѓа на групата нобеловци од типот на Мајка Тереза и Нелсон Мандела. Нобеловиот Комитет на Обама му додели награда за огромните напори за засилување на меѓународната диплоатија и соработка меѓу луѓето, како и поради неговата кампања за нуклеарно разоружување.
XS
SM
MD
LG