Достапни линкови

На Косово наскоро 5 илјади НАТО- војници помалку


Бројот на војници на НАТО во Косово ќе се намали за една третина до крајот на јануари 2010 година, соопшти главниот командант на Алијансата за Европа, адмирал Џејмс Ставридис вчера во Приштина. Со тоа, од сегашните 15 илјади, за помалку од два месеца, во Косово ќе останат 10 илјади НАТО-војници. Одлуката за намалување беше најавувана откако Андерс Фог Расмусен на 1 август ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО.
XS
SM
MD
LG