Достапни линкови

Прогноза за времето денеска- променливо


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во југоисточниот дел претплдне ќе има слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините ќе има услови за провејување на снег преку целиот ден. Ќе дува умерен, а повремено засилен северен ветер кој наместа на моменти ќе достигнува брзина и до 80 километри на час. Утринската температура се движи од нула до четири, а дневната ќе биде од три до осум степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и ветровито со кратки сончеви периоди, особено попладне. Преку денот ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер кој особено ќе биде изразен во претпладневните часови, а кон крајот на денот брзината на ветерот ќе стивнува. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе достигне до пет степени.
XS
SM
MD
LG