Достапни линкови

Граѓаните не знаат што значи членството во ЕУ


Знаме на ЕУ
Знаме на ЕУ

Членството во Европската Унија има поддршка од 94 проценти што покажува дека нема критичка маса и критичко размислување. Експертите за европски прашања сметаат дека граѓаните немаат доволно информации за тоа што претставува нашето членство во ЕУ.

Граѓаните во земјава, па дури и конкретни целни групи за кои се наменети средствата од Европските фондови и програми, немаат доволно и добро спакувани информации за да знаат што претставува нашето членство во ЕУ, ниту дека тоа не значи дека Брисел ќе се грижи за нас, туку ние треба да придонесеме за тоа, за што ни е потребен капацитет и отворена критичка опсервација и дебата, што недостасува во јавноста и во владата, сметаат експертите за Европски прашања.
Факт е дека медиумите не им ги даваат потребните информации на граѓаните за ЕУ


,,Факт е дека медиумите не им ги даваат потребните информации на граѓаните за ЕУ. Тоа произлегува од индикаторот дека 94 проценти од јавното мислење кај нас е за ЕУ,што сепак не е норамално и е невозможно и покажува дека нема критичка маса и критичко размислување. Има неверојатен недостиг на информации, дури и оние кои се скроени за целните групи. Кај владата на сајтот за Секретаријатот за Европски прашања нема никаква документација, а и таа што ја има е премногу техничка. На сајтот на Европската комисија има се што е потребно,но тоа е толку техички што не може ниту просечно интелегентен високообразован човек, дури и со постдипломски студии,доколку не се од ЕУ, да ги разбете документите"

Смета Лидија Димова, експерт за прашања поврзани со ЕУ, која додава дека обврската за информирање на јавноста според спогодбата за стабилизација и асоцијација и одговорноста за тоа е на владата и на Европската комисија.
Има една прекрасна програма, се вика "Европа за граѓаните", што е програма на заедницата, каде се работи со збратимени градови. Значи, Охрид треба да види со кои градови од ЕУ има збратимени односи, и да аплицира за грантови кои се даваат за тематски работилници.

,,Владата лани има направено три брошури, од кои едната беше за програмите на заедницата, финансирана од Британија, другата беше внатре направена, а третата беше од ИПА 2007, од националната агенција. Значи се на се само неколку брошури има сработено владата. Ние како невладина организација лани направивме осум брошури"

Вели Димова, од Македонскиот центар за Европско образование, која заедно со ИНФО центарот го издаде водичот за Македонија во ЕУ. Според Димова, во првите години по почетокот на преговорите, поддршката за ЕУ во јавноста драстично ќе опадне, согласно средно и источно европските искуства, бидејќи реформите се болни, но со добра работа првите ефекти ќе дојдат во изградба на малата инфраструктура, а потоа во образованието и туризмот.

,,Да сум градоначалник на Охрид, ќе погледнам кои се другите фондови што ни се нудат на располагање. Има една прекрасна програма, се вика "Европа за граѓаните", што е програма на заедницата, каде се работи со збратимени градови. Значи, Охрид треба да види со кои градови од ЕУ има збратимени односи, и да аплицира за грантови кои се даваат за тематски работилници. Битно е да се привлечат Европјаните да дојдат во Охрид, и кога ќе се вратат назад Охридската приказана ќе ја одесат во нивните градови, па кога сигурна сум пак ќе се вратат во Охрид,со нив ќе го донесат целото семејството. Ова е многу добро бидејќи е на трошок на ЕУ, која смета дека граѓаните мора да се запознаваат меѓу себе, за да можат да се зближуваат и да се запознаваат културните разлики. Лајт мотив на оваа програма е сите да се чувствуваат пред се дека се Европски државјани, а потоа дека се национални државјани. Позицијата на ЕУ е дека ние имаме идентитет според нашата националност, но треба да имаме и Европски идентитет".-

Вели Димова според која Охрид може многу да добие од оваа програма за развој на туризмот, за што мора општината прво да обезбеди буџетски средства, кои ЕУ ги враќа, но по реализирањето на проектите, со кои можат преку збратимените Европски градови да се добијат грантови и за манифестации од културата.Еден од главните услови за користење на овие можности според многумина е прво да се обезбедат повеќе и поевтини авио линии од Охрид за Европа.
XS
SM
MD
LG