Достапни линкови

Груевски- условите на Грција никој не би ги прифатил


Грција не сака да дојде до решение за спорот со името, таа поставува услови кои ниту една влада нема да ги прифати ни во наредните сто години, соопшти Премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствува на Конгресот на Европската народна партија во Бон. Груевски изјавил и дека тој став му го соопштил и на Папандреу при нивната последна средба. Според Груевски одложувањето на датмот за преговори на Македонија за шест месеци е компромис кој Грција морала да го направи под притисок од многу земји. Груевски повторил дека преговорите со Грција за изнаоѓање на заедничко решение ќе продолжат. Тој во Бон и порачал на унијата да не го заборави Балканот, бидејќи тој е од голема важност за ЕУ за таа да ја демонстрира својата решеност и сила и да го направи тоа што е неопходно во сопствениот двор, а тоа е чекор напред кон комплетирање на Европа.
XS
SM
MD
LG